(Фото) Сменски аналитичар во РЕК Битола и вешт поет Мери Арсовска
13 години на позиција сменски аналитичар во Хемиско Технолошката служба при Подружница РЕК Битола, работи Мери Арсовска која несебично вешто ракува со пипетите исто како и со пенкалото. Четири самостојни книги од кои една проза и три поезија стојат зад неа, но и голем број колективни записи во бројни изданија, дипломи, благодарници и награди.




Далечната 84 е годината кога Арсовска е забалежана од крушевскиот професор по македонски јазик за надареноста, мислата да ја преточи во четиво за секоја душа, „лирско душиче“ е називот кој го добива, зошто нејзините дела се толку вешто креирани, секојдневни, поучни, реални и вистинити што нема некој кој не би се пронашол.




Главен мотив за пишување и е љубовта, вербата во Севишниот, но и тагата. Арсовска вели малубројни се делата кои произлегуваат од радоста, но тагата и болката како да се неисцрпен извор на инспирација, зошто многу се чести во животите на луѓето. Преку литературниот клуб „ Висарион“ се трасира патот низ празните листови хартија кои се испишуваат и денес, подоцна и литературниот клуб „Изгрев“ ја покажува желбата за Арсовска да ја има како свој еминентен член, за денес Мери да е главен двигател на бројни поетски и литературни читања, натпревари, книжевни промоции. Еден е од основачите на „Манастирско поетско ехо – Суводол Богородица“ настан кој се случува секоја година на 28 август, денот посветен на Голема Богородица. Член е на фондацијата Такец, главен организатор за настаните поврзани со поезија за Мајка Тереза. Во соработка со Вера Самарјанин, Аровска преку тираж од 1000 примероци, со превод на англиски и италијански јазик, го шири македонскиот пишан збор низ светот, вели со самофинасирање ги издавам книгите , никогаш не ги продавам зошто ова мое хоби ја пополнува секој моја празнина и не сакам тоа да се извалка со пари, го правам зошто ме исполнува, а го издавам зошто моето опкружвање смета дека не треба да сум себична и да го чувам само за себе туку да го споделам со светот. „Средба со минатото“, „Ја си ти“,„Кога плаче душата“, „Разголена душа“,се самостојните наслови и таа не застанува тука, пишува секојдневно и се подготвува за уште едно издание заокружување на циклус со тематика „душа“, дури и насловот го знае „Трепери душата“ е следната поезија која ја подготвува. Ќе рече :„Многупати се случува додека сум на работа да проструи напливот на мисла кој морам да го ставам на хартија и колегите толку ме познаваат што веднаш се стишуваат да не ми побегне мислата, и со нетпение го чекаат производот, вчудоневидени и со гласно задоволство од она што во тој миг сум го напишала.“ Подружница РЕК Битола, не само што е рудник за јаглен, туку е и непресушен извор на скриени таленти од разни области со кои се занимаваат како хоби додека ги играат улогите на главни чинители во комбинатот.





