ВЛИЈАНИЕ НА СТАРЕЕЊЕТО ВРЗ СТЕПЕНОТ НА ПАРОДОНТАЛНА ДЕСТРУКЦИЈА
Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.
ПАРОДОНТОПАТИЈАТА е дефинирана како инфламаторно заболување на потпорното ткиво на забот предизвикано од специфични микроорганизми, што резултира со прогресивна деструкција на периодонталните влакна и алвеоларната коска формирајќи пародонтален џеб и рецесија.
Златен стандард за нејзиното дијагностицирање е клиничкото губење на атечменот, но сепак континуираното крварење на непцињата може да се смета за сигурен индикатор за присуство на инфламација (промена на бојата, контурите и конзистенцијата на самото непце) е потенцијал за понатамошна загуба на атечменот асоцирана со пародонтопатија која што многу почесто е присутна помеѓу постарите лица.
Иако можеби самата старост не е директна причина сепак потребно е да посветиме внимание на препишаниот поголем репертоар на лекови (трициклични антидепресиви, антихистаминици, антихиперсензитиви) и присутни хронични заболувања асоцирани со ксеротомија и намалено лачење на плунка.
Кај овие лица за да ја намалиме прогресијата на болеста треба одржување на оралната хигиена и да користат полесни (електрични) четки надополнето со хемиска плак контрола односно антиплак агенси (хлорхекседин, листерин, лакалут раствори).
Д-р Теодора Соколовска
20.01.2024 Битола